Околу 130 учесници, за првпат преставници од Грција и Србија дел од меморијалниот марш „Стамен Каровски“

Околу 130 учесници, најголем дел од Истокот беа дел од Вториот мерморијален марш во спомен на Стамен Каровски. Имаше учесници и од клубови од цела држава, а за првпат учесници имаше и од Србија и Грција. Се искачуваше највисокиот врв на Пониква, врвот Панаѓур со 1996 метри надморска височина. Акцијата започна од паркингот на туристичкиот локалитет Пониква и движењето се одвиваше по маркирана планинарска патека, која над 80% поминува низ букова шума. Последните 500 метри до врвот движењето е по пасиштен терен. Должината на патеката беше девет километри и е од лесен карактер.

„Оваа година е втор меморијален марш, присутно е целото негово семејство“

Тенденција е маршот да прерасне во традиција и да се одржува секоја година по ред во чест на Стамен Каровски.

„Татко ми беше голем љубител на планината, спортот, беше фудбалер, каратист.“ – вели неговиот син.

Овој марш кој се организираше втора година по ред го чува споменот на Стамен Каровски, кој кај народот е познат како каратист на кочански Партизан и битолски Пелистер, а со планинарството почнал да се занимава пред околу една деценија. Тој има искачено повеќе од 50 врвови меѓу кои и шесте највисоки.

Лаура Стојанова М-Нет