
Отворена шахта во Чешиново опасност за жителите од ова населено место. Како што посочија тие шахтата се наоѓа во близина на старото игралиште и стои отворена веќе еден месец. Се чека денот кога некој ќе се повреди и ќе падне во шахтата, велат жителите на Чешиново. Додават дека преставува опасност за нив, но и за нивните деца кои секојдневно минуваат одовде. Децидни дека неколкупати реагирале до надлежните, но резултат на виделина нема. За проблемот се обративме и во Општина Чешиново Облешево. Од таму во писемено соопштение за М-Нет телевизија посочија дека се запознаени со проблемот и дека се бара трајно решение. Телоп Општина Чешиново – Облешево
„Во врска со проблемот ве известуваме дека општината е запознаена со овој проблем и работи на решавање на истиот. Имајки во предвид дека се соочуваме со проблем на крадење и на капаците на шахтите, кое нешто како појава е регистрирано скоро во сите општини“, овој пат се обидовме да преземеме некое потрајно Решение. Нарачана е шахта која во моментот се лие и во догледно време истата ќе биде наместена. Имајки го во предвид тоа што општината работи огласно Закон за јавни набавки, постапката трае малку повеќе од неколку дена за санирање на одреден проблем, но како што кажавме се обидовме да најдеме некое потрајно Решение.“ – велат од општината.
Од таму упатија извунување до жителите на село Чешиново и побараа да бидат трпеливи се додека трајно не се реши овој проблем.
Лаура Стојанова М-Нет