
Наредниот месец пензионерите на сметка ќе добијат 2500 денари плус. Премиерот Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање посочи дека Законот за линеарно зголемување на пензиите е во подготовка што значи пензионерите ќе го добијат ветеното покачување од 5000 илјади, половина во септември и другата половина во месец март наредната година. Дециден е дека дополнително ќе се одлучува, согласно Буџетот какво ќе биде следното усогласување на пензиите.
„Апсолутно, Законот е во подготвка за линеарното зголемување на пензиите, а не како што беше досега, за овој септември, но и за март. Оние 5000 денари кои ќе легнат на сметка на пензионерите се предвидени за оваа година, а ќе ги предвидеме и за наредната. Во зависност од тоа во каква кондиција ќе ни биде Буџетот ќе видиме какви одлуки ќе носиме за следното усогласување септември.“ – вели Мицкоски.
Како што истакна ова е едно од ветувањата на актуелната Влада кое се реализира во првите девет месеци од мандатот.
„Линеарно ќе им се зголемат пензиите за 2.500 денари овој септември, а потоа и во март за уште 2.500 денари.“ – додава Мицкоски.
Пенизонерите претходниот период на улица ги бараа своите права, како линеатно покачување на пензиите, но и усогласување на минималната пензија со минималната плата. Едногласни се дека со сегашните примања едвај се преживува месецот, оти најголем дел од парите ги трошат за лекови.
Лаура Стојанова, М-нет