
Појавата на чума кај малите преживари во соседство го вклучи црвениот аларм и во нашата држава. Болеста кај овците и козите е сериозна и предизвикува големи штети, велат ветеринарите. Се пренесува со близок контакт меѓу животните, а ако е заболено едно животно се затвора целото стадо, движењето, како и продажбата на млеко и месо.
„Оваа болест е вирусно заболување, се појавува конкретно кај малите преживари, кај овците и козите. Штетите се многу големи. Вирусно е заболувањето, се пренесува по исцедок од очите, од носот, од устата и од изметот. Ако се појави и една единка во стадото автоматски доаѓа до затворање на на целото одгледувалиште, што значи се забранува движењето и продажбата на месо и млеко“ – вели Митев.
Ако се забележат било какви промени кај животното навремено да се пријави кај матичниот лекар, апелираат ветернираите. Бидејќи смртноста на болеста е со големи од 50 до 100%.
„Инкубацијата трае од три до шест дена, ајкасно десет дена, економските штети се многу големи. Прво појавата на лезиите во устата, тоа е еден од симптомите, дијареа и исцедок од очите. Се манифестира со покачена температура и намален апетит, воедно животното паѓа во депресија, а може да дојде до проблеми во дишните патишта и појава на абортуси. Смртноста кај овие животни е од 50 до 100 % во стадата кои ќе бидат зафатени“ – додава Митев.
Почитување на биосигурносните мерки, да не се мешаат стадата со цел оваа болест да не се прошири и во нашата држава. Во спротивно се јавува опасност од намалување на јагнешкото месо како и извозот на македонското јагне.
„Да се внимава околу границата со Грција, да не се мешаат стадата“ – вели Серафимов.
Докторите апелираат да се купуваат животни само со сертификат и крајно да се внимава со цел да се заштити државата од појава на оваа болест кај ситните преживари.
Лаура Стојанова М-Нет