Вардар се засили со Јасмин Мециновиќ

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар се засили со Јасмин Мециновиќ, кој доаѓа од редовите на новиот прволигаш Беса од Добри Дол.

Станува збор за 33-годишен одбранбен фудбалер, кој има богата кариера со голем искуство. Во својата кариера Мециновиќ има настапува за екипите на Скопје, Македонија ЃП, Ренова, Пелистер, Струга а пак на меѓународната сцена беше дел од Шериф и Тираспол од Молдавија, Сонгдал од Норвешка, Егри и Ломбард Папа од Унгарија, Банатс од Ерменија, Рудар Плевља и Подгорица од Црна Горна, Трепча и Феризај од Косово, Мелака од Малезија и Нехмех од Либан.

За младата репрезентација на Македонија новото засилување на Вардар има забележано 13 настапи.

По две одиграни кола во новата сезона од Првата лига, Вардар има пораз од Брера Струмица од 3:1 и триумф во „вечното дерби“ од 1:0 против Пелистер, а во рамки на третото коло ќе се соочи со Шкупи во скопската пресметка на Чаир. Претходно како што веќе информиравме Горазд Михаилов си замина од Вардар, а на тренерското столче седна Горан Петрески.

Александар Ванев, М-Нет