Во две фази ќе се уредува површината пред станбените згради на улицата Џемал Бједиќ во Штип

Тековно се превземаат активности за уредување на просторот пред станбените згради помеѓу улиците Борис Краѓер и Џемал Бједиќ. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов посочи дека уредувањето ќе се одвива во две фази. Во првата фаза партерно ќе се уредуваат влезовите пред станбените згради, а во втора фаза ќе се работи на просторот околу станбените згради кој со години беше заборавен, полн со ѓубре. Најголем процент од заборавениот простор ќе биде искористен за паркинг позиции, но ќе се поставува и урбана опрема.

„Во прва фаза ќе се уредуваат партерно влезовите на станбените згради кои што се наоѓаат помеѓу овие две улици. Веќе се работи со поставување на павер елементи, а во втора фаза ќе се работи на еден просотор кој што со години наназад беше заборавен, полн со ѓубре и прашина и кој што најголем процент ќе биде искористен за создавање на еден паркинг, но исто така и поставување на урбана опрема, искористување на постоечките садници на посотечката сенка за партерно уредување и поставување на урбана опрема за да можат станарите да го користат соодветно овој простор, целосно осветлен кој во втора фаза во наредните неколку недели ќе биде уреден.“ – изјави Јорданов

Финансиската рамка за реализирање на ваквата активност во две фази е во вредност од околу три милиони денари, а просторот кој ќе се уредува зафаќа површина повеќе од три илјади метри квардатни. Истата површина целосно ќе биде искористена, осветлена и уредена за користење од страна на жителите во населба Сењак бидејќи во непосредна близина се наоѓа ОУ„Димитар Влахов“.

„Околу три милиони денари се одвоени и предвидени за ови две фази кои ги напоменав за уредување на овој простор кој е повеќе од три илјади метри квадратни кој соодветно ќе биде истретиран, осветлен, уреден за да може да служе за жителите во населба Сењак.“ – изјави Јорданов

Градоначалникот Јорданов апелира до сите жители кои имаат времени објекти да бидат отстранети за површината да се уреди во интерес на граѓаните.

„До станарите што имаат времени објекти да ги отстранат затоа што сето овоа за да се направи пред се ќе биде во нивен интерс затоа што ова површина која со години наназад не била искористена и заборавена сметаме дека треба да биде соодветно урбанизирана и уредена и да служи не само на станарите, туку и на жителите од населба Сењак и имајќи во предвит дека овде се наоѓа ОУ„Димитар Влахов“ потребата од времен паркинг простор за сите дечиња и родителите кои ги донесуваат на училиште.“ – додава Јорданов

Јорданов посочи дека тековно продолжуваат и активностите на улиците кои веќе се започнати како што е улицата Широк дол, кружниот тек кај паркот Кртеќе, улицата Ванчо Прќе и други позиции кои што се работи од страна на изведувачи – економски оператори и на тој начин чекор по чекор се извршуваат активности за урбанизирање на повеќе заборавени површини на територија на Општина Штип и создавање на еден нов и модерен град.

Лаура Стојанова, М-Нет