
По само две кола во Првата македонска фудбалска лига падна и првиот отказ, по 180 минути фудбалска игра во новата сезона Ернест Ѓока не е повеќе тренер на Шкупи.
Екипата од Чаир не игра според посакуваното на стартот од новата сезона, а тоа резултираше со отпуштање на тренерот Ернест Ѓока, кој е првиот тренер во новата сезона кој доби отказ. По два одиграни натпревари Шкупи има само еден бод, откако во првото коло ремизираше со Воска Спорт откако одигра 3:3, а викендот во Штип загуби од Гостивар со 2:0.
Шкупи во новата сезона има висока амбиции, а овие резултати на стартот не му одат во прилог и веднаш реагираше со тренерска промена.
Брера доживеа дебакл во Кратово откако загуби од Силекс со висок 4:0, каде играч на натпреварот беше Марко Ѓорѓиевски кој постигна хет-трик.
Вардар со минимални 1:0 го доби „вечното дерби“ со Пелистер кој се одигра како што доликува за најголемото фудбалско дерби во Македонија, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје под рефлектори.
Тиквеш со 2:1 славеше над Воска Спорт, шампионот Струга со минимални 1:0 ја доби новајлијата Беса, а пак Шкендија и Работнички ремизираа играјќи 1:1 во Тетово.
Во однос на табелата Струга е прва со шест бода, по четири бода имаат Шкендија, Гостивар и Работнички, а пак по три бода имаат Силекс, Тиквеш, Вардар и Брера Струмица. По еден бод на табелата имаат Воска Спорт, Пелистер, Шкупи, а без бод е дебитантот Беса.
Александар Ванев, М-Нет