Башкими се засили со Ардит Демири и Борјан Пановски

Второлигашот Башкими од Куманово ги претстави првите две летни засилувања за новата сезона. Станува збор за Адрит Демири и Борјан Пановски, кој беа претставени во дресот на Башкими.

23-годишниот дефензивец Демири во Башкими пристигна од редовите на второлигашот Арсими од Чегране, во својата кариера има настапувано за Воска Спорт од Охрид, Дрита од Боговиње, а беше дел од младинските категории на Ренова и Шкендија. Демири имаше и авантура во Германија.

Десниот бек Пановски во Башкими доаѓа од редовите на битолски Пелистер, а во својата кариера 23-годишникот има настапувано за Гостивар, Охрид, Тетекс, Работнички, како и за младинсктие категории на Работнички од каде и потекнува.

Во следниот период ќе има уште промоции во Башкими за новата сезона, со што второлигашот од Куманово кој минатата сезона заврши на осмото место со 42 бодови колку што имаше и Беласица која беше седма ќе влезе со повисоки цели и ќе го напаѓа горниот дел од табелата.

Александар Ванев, М-Нет