
Детонит Плачковица во новата сезона од Втората македонска фудбалска лига ќе биде во еден изменет лик, но најважно е што клучните играчи тимот ги сочува, па тие ќе бидат алката во спојот со новите и млади играчи кои пристигнуваат во Радовиш.
Нов играч кој беше промовиран во дресот на Детонит Плачковица е Божидар Митревски, кој во Радовиш доаѓа од бугарски Литекс, а во својата кариера играчот за врска настапуваше за Рогашка од Словенија, а пак на домашната сцена беше дел од Слога од Виница, Силекс и Тетекс во сениорска конкуренција, а во младинските категории настапуваше за Работнички и Вардар.
Новото засилување вчера го одработи својот прв тренинг во Радовиш, со што веќе е ставен на располагање на тренерот Иван Варадиновски. Митревски има и прволигашко засилување со 21 натпревар во Прва лига, има поминато 814 минути на тревникот.
Новото засилување на радовишани ги има поминато и младинските репрзентации на Македонија односно репрезентации до 17, 18, 19 и до 21 година.
Како што веќе објави телевизија М Нет претходно во Радовиш беа провирани Албан Таипи, Лука Георгиев, Панче Петров, Христијан Поп Антоски и Кирил Неделков.
Како што ексклузивно дознава телевизија М Нет во следниот период ќе бидат промовирани уште две до три засилувања, а веќе има и играчи кои тренираат со тимот во Радовиш, а кои би требало официјално да бидат промовирани.
Александар Ванев, М-Нет