Храбриот Тиквеш немаше среќа и загуби во Исланд!

Тиквеш загуви од Брејдаблик со 3:1 и доживеа елиминација во првото квалификациско коло од Конференциската лига.

Тиквеш имаше предност од еден гол 3:2 од првиот натпревар во Скопје, но и тоа не беше доволно. Освојувачот на Купот на Македонија прв дојде до предност и на Исланд, но на крајот сепак загуби со 3:1 и ги заврши европските настапите, а Брејдаблик патува во следната рунда.

Едиз Спахиу рано донесе предност за Тиквеш уште во 7. минута, а домаќинот израмни во 44. минута со погодокот на Кристин Стеиндорсон.

Хоскулдур Гунлауксон во 53. минута погоди за пресврт, а Кристофер Кристинсон во 85. минута од дуелот погоди за конечни 3:1 и следна европска фаза на тимот од Исланд.

Александар Ванев, М-Нет