Се трасираат шумски патишта, се прават пресеци со цел огнот да не се прошири кон село Пиперево

Истрасирани шумски патишта, доволно механизација и подготвени луѓе – се чува штипската територија со цел пожарот на Серта да не ги зафати најблиските населени места. Најкритично е на тромеѓето меѓу општините Кочне, Радовиш и Штип, а огнот се наоѓа на границата со село Пиперево. Од копно се контролира и гасне пожарот кај гасоводот, во близина на селата Селце, Драгоево и Пиперово. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, посочи дека со сите расположливи сили се борат огнените стихии да не го зафатат селото, додавајќи дека и ветрот прави дополнителни проблеми. Во пожарите освен шумите страда и дивечот и птиците.

„Од утринава наши екипи се на терен на границата меѓу Штип и Неготино каде се контролира огнениот појас кој може да премине на наша страна. Најкритично е на тромеѓето меѓу општините Конче, Неготино и Штип“ – вели Јорданов.

На теритроија на државата има петнаесетина активни пожари кои се гасат од зеја и од небо. Вклучени се домашните но и странски хеликоптери и авиони со цел да се делува побрзо и поефективно. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, по одржаниот состанок утринава, пожарот во Радовиш е ставен под контрола.

„Рано утрово полета големиот српски хеликоптер со пет тона вода кон пожарот кон Радовиш и можам да кажам дека овој пожар е целсоно ставен под контрола.“ – вели Ангелов.

Зголемен е бројот на припадници на Армијата кои учествуваат во гасењето на пожарите. Со указ кој беше потпишан од страна на претседателката, се доделуваат 300 припадници на Армијата кои се вклучуваат во акцијата за справување со пожарите. За плус 30 е зголемен и бројот на полицајци кои ќе гасат на терен.

Лаура Стојанова М-Нет