
Топлотен удар е најчестата појава која се јавува кај животните на екстремно високи температури. Кога животното е вознемирено, со покачена телесна температура и крварење од носот станува збор за топлотен удар. Ветеринарите велат многу важно е навремено да биде препознаен од страна на сопствениицте и да се реагира со што би се спречиле фатални исходи односно смрт кај домашшното милениче.
„Кај животните обично се јавуваат топлотни удари поради високите температури, односно доаѓа до прегревање на телото на животното. Сопствениците на домашни миленици треба да знаат дека во периодот од 10 до 19 часот е треба да ги шетаат своите миленици. Топлотниот удар може да се препознае на тој начин што животното сатнува немирно, а често има крварење од носот.“ – вели Бреслиски.
Важна е и првата помош. Поставување на ладни облоги во пределот на главата и телото на миленичето со цел да се ублажи појавата на топлотен удар. Бреселиски апелира животните да не се шетаат во период од 10 до 19 часот, да бидат под сенка и да имаат достапност до вода. Нехумано е на температури на плус 40 домашното милениче да биде врзано.
„Кога ќе забележи вакво нешто сопствениикот, првата помош е многу важна. Многу често се ставаат ладни облоги, крпи со вода во пределот на телото и главата. Поради високите температури самите перничиња кои ги имаат животните на нозете може да изгорат, затоа е препорачано шетањето да биде по 19 часот навечер. Да бидам домашните животни на сенка и да имаат достап до вода.“ – додава Бреселиски.
Кога е во прашање исхраната се препораува домашните миленичиња да се хранат неколкупати со помали оброци, но наутро и навечер, а не кога е најтопло.
Лаура Стојанова М-Нет