
Изминатиот викенд во Марибор Словенија, се одржа Балканското Првенство под 18 години во атлетика каде учество зедоа пет атлетичари од Македонија, кои забележаа одлични резултати. На Балканското првенство под 18 години учество зедоа Марко Алексовски, Брајан Авиа, Марко Ристов, Лина Исени и Јумна Фетаху.
Марко Алексовски настапи во дисциплината 100 метри каде забележа резултат од 10.88 секунди и се пласираше во финалето каде го освои 7. место со нов државен рекорд за младинци кој сега гласи 10.95.
На дисциплината 200 метри надвор од конкуренција, Алексовски исто така успеа да оствари фантастичен резултат со време од 21.71 освојувајќи го 3. место.
Брајан Авиа во дисциплината скок во далечина успеа да го освои високото 5. место со невероjатен скок од 7.08 метри.
Марко Ристов настапи во дисциплината 100 метри успеа да постигне време под 11 секунди, односно оствари резултат од 10.99 секунди со што заврши на 11. место, додека пак на трката на 200 метри Ристов го освои 7. место со нов личен рекорд од 22.20 секунди.
Лина Исени во дисциплината скок во далечина успеа да си го подобри личниот рекорд со скок од 5.07 метри освојувајќи го 17. место, а во дисциплината трискок успеа да го освои 16-то место со скок од 10.89 метри.
Јумна Фетаху во дисциплина ѓуле се пласираше на 8. место со фрлени 12.29 метри, додека во дисциплината диск го освои 9. место со резултат од 32.77 метри.
Одлични резултати на македонските атлетичари кои земаа учество на Балканското Првенство под 18 години во Словенија.
Александар Ванев, М-Нет