
Од дамнешни времиња Кочани за свој заштитник го има празникот Петровден. На овој ден во годините претходно се одело на гости, со полни трпези се пречекувале гостите и се славел патронот на градот. Иако во денешно време ова можеби се намалува, сепак празникот се чествува на достоинствен начин, со низа активности и насти кои се органзираат.
„Од памтивек Кочани го слави денот Петровден, во минатото многу повеќе, луѓето пречекувале гости. Од година во година , поготово млади луѓе постат“ – вели Георгијева.
Повозрасните граѓани во Кочани велат дека се подготвени за денешниот празник. Со посна трпеза, и желби за здравје, мир и бериќет и оваа година го слават својот заштитник.
„Како и секоја година така и оваа, тоа ни е стар празник Петровден наш, за Кочани. Здравје, мир и слога да дава овој празник, на нас но и на сите граѓани“ – велат кочанчани.
Настани се закажани и за во сабота. На Пониква ќе се одржи меѓународниот фестивал на влашки песни „За Петровден сите на планина“.
Во недела активностите завршуваат со музички, уметнички содржини и изложби на настанот „24 часа урбан здив“.
Во недела ќе се реализира и 17. петровденски марш со искачување на врвот Китка.
Лаура Стојанова М-Нет