Изумрени риби во река Брегалница во делчевско, рибловците бараат одговорност, надлежните на терен

Изумрени риби се забележани во река Брегалница во делчевско. Во долниот тек на реката, вчеравечер е пријавено дека рибите се изумрени, појава која се случува речиси секоја година најчесто во месец јули. Од риболовното друштво Делчево велат дека одговорност за оваа ситуација мора да има. Надлежните се известени и треба да се санкционираат сторители на ваквите дејства, бидејќи со ова се намалува и така малиот рибен фонд во Брегалница, вели претседателот на риболовното друштво, Ванчо Стојмирски.

„Ние како риболовно друштво само ги известивме надлежните да излезат на терен и да утврдат од што е ваква ситуацијата со рибите. Надлежните имаат можност да утврдат, секоја година излеваат на терен, ама никогаш ништо не е преземено. А, ова се случува секоја година, секоја година најчесто во месец јули.“ – вели Стојмирски.

За проблемот се запознаени и од Општина Делчево. Денеска на терен беше и општинскиот инспектор Љупчо Симоновски. Тој истакна дека е направен увид на лице место и посочува дека не станува збор за помор на риби бидејчи изумрени се помал број на риби. Додава дека ова се случува секоја година, овој период од годината бидејќи е намален водостојот во река Брегалница.

Лаура Стојанова М-Нет