
Беласица летните подготовки за новата сезона од Втората македонска фудбалска лига ќе ги одработи во Струмица, веќе се договорени и пријателските натпревари преку кои ќе се темпира формата за новата сезона.
Како што кажа и шефот на стручниот штаб на Беласица, Александар Стојанов во изјавата за телевизија М Нет, Беласица пријателските натпревари ги започнува со Кожуф на 13. јули, потоа следува тест со Трајал од Србија на 17. јули, три дена подоцна тест со Вардарски, за на 24. јули е закажан контролен меч со Вардар од Неготино. На 28. јули Брера ќе се тестира со Беласица, на 3. август против Победа, на 7. август со Слога Виница, а „генералката“ е со Детонит Плачковица на 10. август.
Марио Дебрешлиоски е прво летно засилување за Беласица, за што веќе објави телевизија М Нет, а во следниот период ќе следуваат и нови засилувања, а костурот на тимот е сочуван.
Беласица во новата сезона ќе се обиде да направи изненадување и да се вмеша во трката за горниот дел од табелата и да ги напаѓа местата за Прва лига.
Беласица минатата сезона настапуваше со млади играчи од нивната школа и заврши на 7. место со 42 бодови, колку што имаше и Вардар Неготино кој беше шестти.
Александар Ванев, М-Нет