
Општина Карбинци е една од водечките општините во Истокот и во првите 15 општини во државата согласно висината на капитални инвестиции. Согласно истражувањата на Институтот за комуникациски студии изминатата година има склучено 33 договори вредни 1 350 000 евра. Градоначалникот, Виктор Паунов истакна дека ова е доказ дека парите се трошат рационално и за потребите на граѓаните.
„Тоа значи дека Општина Карбинци е една од водечките во Истокот и една од првите 15 општини во Македонија кога е во прашање висината на капитални инвестиции. Она што е импозантно за Општина Карбинци како една од помалите општини во државата е дека имаме реализација на некаде 1. 350 илјади евра во претходната година и некаде околу 30 склучени договори не прави водечка општина“ – вели Паунов.
Училишната зграда во село Таринци, патниот правец од село Таринци до село Долни Балван, резервоарот за вода се дел од капиталните проекти кои можат да се издвојат како реализирани минатата година. Паунов посочи дека продолжуваат со исто темпо на работа и во периодот кој следи и реализирање на потребите на граѓаните.
„Овде би навел и неколку од овие проекти, како училиштето во село Таринци, патниот правец село Таринци село Долни Балван, резервоарот за вода, неколку спортски терени, неколку детски, забавни проекти“ – додава Паунов.
Во Штип согласно истражувањата реализирани се најмногу однонсо 89 договори и потрошени над 4.800 000 евра. Во Кочани се склучени 86 договори, во Берово 42, во Македонска Каменица 38, во Деклево 37, во Пробиштип 34, 27 во Виница, 22 во Чешиново Облешево, 20 во Зрновци и 17 во Пехчево.
Лаура Стојанова М-Нет