
Македонските прволигаши и второлигаши продолжуваат со одигрување на пријателски натпревари преку кои ќе ја темпираат формата за новата сезона.
Новиот член на Првата лига екипата на Беса од Добри Дол одигра пријателски меч во Струмица против Брера, кој заврши со 0:1 за новиот прволигаш со голот на Арменд Алими.
Во Кратово се одигра пријателски натпревар меѓу прволигашот Силекс и второлигашот Кожуф од Гевгелија кој заврши со триумф од 3:1 за Силекс.
Трите погодоци за Силекс ги постигнаа новите засилувања, Ангелче Тимовски, Ален Јашароски и Дарко Додев.
Во следниот период екипите продолжуваат со пријателските натпревари, а дел од нив заминуваат на подготовки и во странство, а дел во македонските центри како Охрид и Маврово.
Александар Ванев, М-Нет