
Суперлигашот Куманово активно работи на ростерот за новата сезона, откако го претстави и Иван Митревски како најново засилување кое доаѓа од Радовиш. Станува збор за играч кој игра на позицијата десен бек, има 27 години и ќе биде вистинско освежување во редовите на Куманово, кој лани заврши на второто место во плеј-аутот од Суперлигата.
Куманово мисли и на иднината, го задржа голманскиот тандем Данијел Димитријевски и Христијан Михајловски до 2026 година. Димитријевски има 19 години, додека пак Михајловски има 21 година.
Куманово во новата сезона ќе влезе со повисоки цели и ќе се обиде да обезбеди место во плеј-офот, или да биде сигурен во плеј-аутот.
Александар Ванев, М-Нет