Спектакл на „Комити“: Вардар останува во Прва лига, Детонит Плачковица повторно второлигаш!

ФОТО: Телевизија М Нет

Вчера на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица се одигра баражот за Прва лига меѓу екипите на Вардар и Детонит Плачковица, во натпревар каде верните „Комити“ со спектакуларна кореографија, ја вжештија атмосферата, од нивните грла се пееше „Заветна“, „Море сокол пие“ и на крај голема прослава, најтрофејниот македонски фудбалски клуб предводен од искусниот стратег Горазд Михајлов останува во Првата македонска фудбалска лига.

Дејан Ѓуриќ во финишот на првиот дел постигна гол за 1:0 со што Вардар го отвори резултатот и поведе на „Благој Истатов“. Не требаше многу, по само неколку минути Лука Сушњара со атракција ја стресе мрежата на радовишани за 2:0 на полувреме, а предноста од два гола ги „запали“ верните „Комити“, а предизвика молк на трибината каде што беше сместена радовишката навивачка група „Лебари Исток“ и радовишани.

Во вториот дел имаше моменти кога Детонит Плачковица правеше притисок имаше и неколку зрели шанси, но тоа не вроди со плод, со што Вардар останува во Првата лига, Вардар и следната година ќе игра во елитата.

По натпреварот изјава за телевизија М Нет даде тренерот на Вардар, Горазд Михајлов, кој вели дека овој меч за нив бил да се биде или не,

Искусниот стратег додава дека верува дека работите во Вардар конечно ќе се средат и Вардар да има подобро иднина.

Детонит Плачковица имаше успешна сезона, тој беше вистински хит во Втората лига, заврши на третото место што е најголем успех, а по натпреварот тренерот Иван Варадиновски за М Нет рече дека е горд на неговите играчи.

„Благодарност до публиката за поддршката во текот на целиот натпревар, честитки за екипата на Вардар им посакувам се најдобро во иднина. Нормално е да има разочарување, но не смееме да бидеме неблагодарни, секоја чест за моите играчи и сметам дека треба да бидеме горди како клуб, град и јас лично како тренер за се што постигнавме во оваа сезона“, рече во изјава за телевизија М Нет, тренерот на Детонит Плачковица, Иван Варадиновски.

Во следната сезона Вардар ќе се натпреварува во Првата лига, а пак Детонит Плачковица останува во Втората лига со надеж дека би се повторила оваа историска сезона за нив.

Александар Ванев, М-Нет