
Официјално Борец, Вардарски и Победа се новите второлигаши.
На телевизија М Нет имавте можност да го проследите мечот од Ѓорче меѓу Победа која со 2:1 славеше над Куманово и остана во втората лига, откако славеше со головите на Давид Дебрешлиоски и атрактивниот гол на Димитар Шаркоски, со што беше 2:0. Во првиот дел мрежите мируваа.
Дарио Десниќ намали на 2:1 и го врати Куманово во игра, но младите играчи на Победа докажаа дека можат и се изборија за опстанок. Куманово останува во Трета лига – Север.
По долги години Вардарски од Богданци се врати во Втората лига, откако со 3:2 славеше над Кораб од Дебар.
Адам Стојанов беше двоен стрелец за Вардарски, а еден гол постигна капитенот Славе Танов. За Кораб стрелаа Ујкан Муча и Фатјон Леши.
Борец преку пресврт со 2:3 славеше над Влазерими, кој загуби нов бараж и останува во Трета лига – Запад, а велешката гордост по една година се враќа во Втора лига.
Албулен Имери и Мурат Адили погодија за екипата од Кичево, а са Борец двоен стрелец беше Александар Јовановски, а еден гол постигна Пеце Стојанов.
Победа, Борец и Вардарски се во Втора лига, Кораб останува во Трета лига – Југозапад, Влазерими во Трета лига – Запад, а Куманово во Трета лига – Север.
Александар Ванев, М-Нет