
Додека се „Комити“ Вардар нема зошто да се грижи. Вардар е македонски фудбалски бренд, најтрофеен македонски клуб, клуб кој играл во групна фаза во Лигата на Европа, клуб кој секогаш пишувал историја, многу подеми, но и падови, но секогаш Вардар се враќал посилен и посилен, заедно со верните „Комити“ кои секогаш се со Вардар и во добро и во лошо.
По две сезони во Втората лига, Вардар се врати во фудбалската „елита“ на Македонија, но сега има нов предизвик, ако лани преку бараж го совлада Скопје и се врати во Првата лига, сега во баражот ќе треба да го совлада Детонит Плачковица и да го избори опстанокот. Шефот на стручниот штаб Горазд Михајлов, во ексклузивна изјава за телевизија М Нет зборуваше за сезоната на Вардар и баражот.
Вардар во баражот ќе се соочи со радовишкиот тим кој е хит во Втората лига овие две сезони.
Вардар во баражот влегува комплетен од аспект на играчкиот кадар.
Голманот на Вардар, Филип Гачевски, кој е миленик на навивачите, има почит кон противникот, но вели дека Вардар има своја цел и утре ќе се радуваат на победа.
Вардар е жив благодарение на „Комити“, затоа и во Струмица стадионот ќе „гори“ за Вардар. Играчите повеќе од јасно ќе го остават срцето на терен, Вардар и следната сезона да игра во Првата лига, како фудбалски бред кој заслужува да биде во елитата.
Баражот меѓу Вардар и Детонит Плачковица се игра во недела со почеток од 17 часот.

Александар Ванев, М-Нет