
Велигденски концерт на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип утре ќе се реализира во Дом на млади Штип. За првпат на овој концерт ќе бидат изведени македонски популарни евергрини, а ќе настапат и ученици и наставници. Картите веќе се пуштени во продажба.
„Оркестарот под диригентска палка на Славица Деспотова и она што е многу важно и специфично за овој велигденски концерт првпат од ваков карактер е тоа дека ќе се изведат македонски популарни евергрини, наши познати песни од сите фестивали. Концертот ќе биде утре на 15.5.2024 година во Дом на млади со почеток од 19:30 часот. Картите веќе се во продажба.“ – вели Кавраков.
На концертот ќе пее училишниот хор, но ќе се престават и солисти. Директорот Кавраков во оваа прилика ги покани сите граѓаните да пристуствуваат и да уживаат во еден поинаков вид на велигденски концерт.
„Ги покануваме штипјани да уживаат во еден поинаков вид на настап на нашите ученици и професори.“ – додава Кавраков.
Велигденскиот концерт на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип е традиционален, тенденција е истиот да се проширува со што ќе бидат вклучени повеќе професори и ученици, како и многу новитети.
Лаура Стојанова М-Нет