
Златен бод за Осогово кој одигра 2:2 против Арсими во Голема Речица, во рамки на претпоследното 29. коло од Втората лига. Цуцули и Рамадани погодија за 2:0, а “жетварите” преку Дојчинов и Манов израмнија на конечни 2:2.
Во пренос на телевизија М Нет, Вардар Неготино преку пресврт го доби Новаци со 2:1. Зумровски и Хасан погодија за домаќинот, а Јовановски за гостинот.
Тетекс дојде до победа од 2:1 над Охрид со головите на Амити и Станковски, а гостинот го ублажи поразот преку Крстески.
Шампионот Беса и Башкими одиграа 0:0, а “нула” беше и во Гевгелија меѓу Кожуф и Детонит Плачковица, со што радовишани официјално ќе играат бараж за Прва лига.
Пелистер со голот на Танушев со 1:0 ја доби Победа на домашен терен.
Екс прволигашите Скопје и Беласица ремизираа играјќи 2:2. Јанакиевски и Кочоски погодија за домашниот тим, а за Беласица стрелаа Јовов и штипјанецот Михолов во 97. минута.
Караорман дома загуби од Саса со 0:3, а стрелци беа Ајрули, Бекир и Николовски.
- ТАБЕЛА 29. коло ВТОРА ЛИГА:

Александар Ванев, М-Нет