Во ЖИВО на М Нет Спорт: Беласица – Каменица Саса, сабота од 15 часот

ФОТО: Телевизија М Нет

Каменица Саса оди на незгодно гостување во Струмица кај Беласица во рамки на 24. коло од Втората лига, каде „рударите“ немаат право на грешка против струмичката гордост.

Саса во претходното коло го доби Дербито на Истокот со Осогово и се враќа на голема врата за опстанок во Втората лига, а пак Беласица го декласираше Новаци и сега ќе бара нова победа за прогрес на табелата.

„Рударите“ со триумф може за првпат да ја напуштат опасната зона за директно испаѓање и да се искачат до бараж зоната за опстанок, ако нивниот директен конкурент Осогово загуби од Детонит Плачковица.

Беласица на овој меч ќе ја има улогата на фаворит за трите бодови, а Саса ќе мора да го пронајде рецептот за победа во Струмица.

Гледајте го натпреварот меѓу Беласица и Каменица Саса, во сабота од 15 часот на спортскиот канал М Нет Спорт.

Александар Ванев, М-Нет