
Тежок и важен меч за Осогово во битката за опстанок во Втора лига на домашен терен фаворитот Детонит Плачковица од Радовиш.
Ова ќе биде меч од капитална важност за „жетварите“ кои по поразот од Саса во дербито на Истокот во претходното коло сега мора да ги бараат трите бодови, бидејќи со пораз од радовишани, а триумф на Саса во Струмица, Осогово ќе се спушти во зоната за директно испаѓање.
Детонит Плачковица во Кочани патува како фаворит за освојување на трите бодови, квалитетот и формата е предност за гостинската екипа, а за Осогово предност ќе биде само домашниот терен и домашната публика како и верните „Сејмени“.
Гледајте го соочувањето меѓу Осогово и Детонит Плачковица на телевизија М Нет, во сабота со почеток од 15 часот.
Александар Ванев, М-Нет