
Синоќа беше отворено 21. коло од Втората футсал лига на Македонија со мечот меѓу Јувентус Серава и Балкан, кој заврши со триумф за домашниот тим од 12:11.
На овој натпревар беа постигнати 23 гола, од кои осум во првиот дел од мечот. Победата беше повеќе од важна за Јуветус Серава кој се бори за враќање во Првата футсал лига.
Мустафа постигна хет-трик за домашниот тим, двојни стрелци беа Алијевиќ, Шабани и Аџами, а по еден гол постигнаа Османи, Мамуд и Бајрам. За гостинската екипа Алији постигна четири погодоци, Николоски и Реџеп по два гола, а по еден гол запишаа Азири, Герос и Барџовски.
Лидер на табелата е Проект со 54 бодови, втор е Кораб со 47 бодови, а Јувентус Серава е трет со 46 бодови. Овие три екипи ќе се борат за првите две места кои водат во елитата. Вклучувајќи го и 21-то коло кое треба да се комплетира викендот, до крајот од сезоната остануваат уште шест кола.
Александар Ванев, М-Нет