Пендаровски: Европската преговарачка рамка ги гарантира македонскиот идентитет, јазик и име!

Промотивен митинг на СДСМ вчеравечер се одржа во крајниот Истокот. Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски посочи дека по 17 години чекање започна преговарачката рамка со ЕУ. Дециден е дека со влез во Унијата, се гарантира македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонското име.

„После 17 години ги отворивме, ги започнавме преговорите со Европската Унија. Ниту една политичка гарнитура претходно, а не пак претходната Влада немаше храброст да ги отвори тие преговори затоа што си ги чуваа фотелјите, парите, моќта и власта. Оваа политичка структура од која јас сум дел веќе 20 години ја прифати европската преговарачка рамка со која се гарантира македонскиот национален идентитет, самобитноста и посебноста на македонскиот литературен јазик, се гарантира македонското име.“ – вели Пендаровски.

Пендаровски во оваа прилика ги повика граѓаните да излезат на 24 Април и да го оставарат своето право на глас.

Лаура Стојанова М-Нет