
Со молитва во Џамија, одење од врата на врата, собирање бонбончиња, верниците од муслинаската вероисповед го празнуваат денешниот празник. Спремање на трпезата за ручек со баклава во домовите на верници од муслиманска вероисповед и меѓусебно честитање го одбележа денешниот празник.
„Денеска, денот ни е Бајрам и ден како Рамазан Бајрам, кога доваѓаат вакви денови седеме дома не работеме ништо. Си чекаме, децата си шетаат на Бајрам, благо имаме. Се шета од куќа на куќа, после поручокта ние шетаме постарите, а наутро шетат децата.“- велат граѓаните.
Анкетираните верници велат дека денес за нив е голем празник, сите седат дома и пречекуваат гости, а рано наутро дечињата одат од куќа на куќа и собираат бонбони, а покасно заминуваат кај повозрасните на гости.
„Па многу убаво, да кажеме сиромашни, ама некако добро пак поминуваме. Обично на гости, постари кој што има се оди. Сабајле доаваѓат деца за бонбони, баклава правиме, друго ни не правиме ништо. Само за Бајрам правиме.“ – додаваат граѓаните.
Велат дека со години наназад празникот го прославувале поубаво, затоа што не имаат доволно примања, за да обезбедат убава трпеза и достоинствено да ги пречекаат младите. И да го празнуваат овој ден.