Реализирана втората гала вечер на ДПД Кочани која беше со донаторски карактер

Презентирано сработеното изминатата година на ДПД Кочани. Вчеравчер се реализираше втората Гала вечер, настан кој беше од донаторски карактер, а собраните средства ќе се инвестираат во нова подобра опрема за потребите на друштвото. Претседателот на ДПД Кочани, Златко Илиевски посочи дека изминатата година за нив била плодна, додавајќи дека со работа и активности продолжуваат и понатаму.

„2023 година за Доброволно противпожарното друштво беше плодна година, како до работрн аспект и од аспект со тоа дека се опремивме со добра опрема.Ќе издвојам неколку позначајни работи, а тоа се: набавка на еднопартичко возило, автоцистерна со носивост од пет тона, набавка на комби возило за технички интервенции. Донација од германска амбасада со дел од техничка опрема со тоа што ги зголемува нашите капацитети на дејствување.“ изјави Илиевски.

Скромна поддршка вети и првиот човек на Општина Кочани, Љупчо Папазов. Вели дека ДПД Кочани е од голема помош за општината, но и за ТППЕ Кочани.

„Општината прави минимални напори за поддршка на работата, активностите и залагањето на ДПД Кочани.“ – посочи и Папазов.

Престседателот Илиевски најави проект кој го има оставрено со германската амбасадата а тоа е да се отвори тренинг центар во градот Кочани . Акцентот ќе биде ставен на младите со цел оваа хумана професија да се иплементира во основните и средните училишта.