Физичка пресметка на натпревар во ОФЛ Велес: Се степале играчи на двете екипи и дел од публиката!

На натпреварот од 12. коло од Општинската фудбалска лига во Велес меѓу екипите на Богомила и Мартолци на теренот во село Богомила настана физичка пресметка помеѓу играчи на двете екипи и дел од публиката, за што морало да интервенира и полицијата.

„На 17.03.2024 во 11.00 часот на фудбалското игралиште во село Богомила, општина Чашка, за време на одигрување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Богомила од с. Богомила и ФК Мартолци од с. Горно Врановци, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу играчи од двете екипи и дел од публиката, по што натпреварот бил прекинат. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Според информациите на телевизија М Нет натпреварот бил прекинат во 39. минута при резултат од 2:0 за домашниот тим. Комисијата за натпреварување треба да донесе одлука за овој натпревар.

Александар Ванев, М-Нет