СВР Штип поднесе кривична за 31-годишник од Скопје, бил пронајден кокаин

СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.Н.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.02.2023 во Штип, полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин.