60 Годишник од Македонска Каменица затаил данок, продал дрва и приходот не го пријавил во УЈП

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.С.(60) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Пријавениот склучил купопродажен договор за продажба на дрвна маса со осум сопственици на катастарски парцели на шума. После тоа, во периодот од 11.09.2019 до крајот на 2021 година, од 14 катастарски парцели извршил сеча на дабово и буково огревно дрво, а остварениот приход од продажбата на дрвната маса не го пријавил во Управата за јавни приходи, не поднел годишна пријава за 2019, 2020 и 2021 година и не платил данок од доход во износ од 275.154,00 денари, со што се стекнал со противправна имотна корист на штета на Буџетот на Република Северна Македонија.