Вработените на УГД на мирен протест, бараат потпишување на колективен договор и повисоки плати

Вработените во УГД денеска излегоа на мирен протест, со цел да ги добијат истите права како и вработените од УКИМ. Бараат потпишување на колективен договор со што автоматски би добиле повисоки плати за 22%. Велат дека го поддржуваат договорот кој го има потпишано УКИМ, но децидни се дека исти колективен договор треба да има за сите пет јавни универзитети.

„Едниот принцип е дека сите јавни универзитети треба да бидеме еднакви. Колективниот договор кој го има потпишано УКИМ ние го поддржуваме, не сме против тоа. Но ние бараме истовремено начин како да се изедначат правата, обврските и одговорностите на сите пет јавни универзитети“ – вели Мајхошев.

Барањата произлегуваат од потребите и интересите на вработените, со цел да се зголемат платите преку потпишување на колективен договор. Овде нема политика, дециден е Мајхошев.

„Изградивме солидарност и единство помеѓу синдикатите на петте јавни универзитети и нашите активности се одвиваат во една иста насока, а тоа е сите унивезритети да ги оставриме нашите права.“ – додава Мајхошев.

Согласно одлуките на надележните државни институции ќе се знае дали протестите ќе пордолжат или не.

Лаура Стојанова М–Нет