
Градската депонија во Штип никогаш не била посчиста и посоодветно третирана, констатираше директорот на ЈП Исар, Кирил Зајков, при направениот увид на лице место. Потенцираше дека ова е дел од пилот проектот за селекција на отпад кој првично се воведе во населбата Осми Ноември. На таков начин граѓаните ќе селектираат отпад, со што ем ќе биде почиста животната средина, ем на депонијата ќе се депонира само селектиран отпад. Дополнително вели, депонијата нема да биде предмет на постојано палење, и ќе се оджува чиста во иднина.
„Апелираме до граѓаните да ја користат примарната селекција видејќи вака уредена депонијата на овој начин ќе се намали количината на комунален отпад кој ќе заврпи овде, карактерот на самиот комунален отпад односно интересот на тие неформални собирачи на отпад бидејќи овде ќе завршува само отпадот кој е комунален и не е штетен за здравјето на граѓаните“ – вели Зајков.
Зајков вели дека во соработка со граѓаните од населба Осми Ноември се трудат да се реализира и да даде резултати пилот прокетот за примарна селекција на отпадот. Впрочем граѓаните губрето треба да го фрлаат во контејнерите во периодот од 5 до 7 часот, а потоа истото да се собира од екипи на ЈП Исар.
„Работиме заедно со граѓаните, се потсетуваме на заеднички договореното временски кога треба да се одлага отпадот, разговараме за примарната селекција и очекуваме резултати“ – додава Зајков.
Колку повеќе се внимава, толку помалку отпад ќе заврши на штипската депонија. Ако се селектира пак, вели Зајков ќе се одлага само комунален отпад и ќе соодветно ќе се третира самата депонија.
Лаура Стојанова М-Нет