Американец со француски пасош е ново засилување за Тиквеш

Тиквеш за пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига претстави уште едно засилување.

Станува збор за Адриен Габриел Амадио Граффин, 20-годишен центарфор.

Граффин е Американец кој има и француски пасош а во Кавадарци доаѓа од редовите на Ордино од Андора, а има играно за бразилската екипа Новохоризонт У-20.

Пролетниот дел Тиквеш го отвара против Брегалница во Штип.

Александар Ванев, М-Нет