Лозарите од кочанско ги закроија своите лозја, се празнува Свети Трифун

Со песна, вино и ракија, лозарите денеска ги закроија своите лозја. Одбележувајќи го големиот христијански празник „Свети Трифун“ посакаа годината да биде бериќетна многу повеќе за разлика од оваа година која помина. Освен кроењето во февруари се става и ѓубре, и се очекува согласно временски услови добра лозарска година.

„Дај Боже да биде добра годината, се надеваме дека ќе биде добра. Почнавме веќе да кроеме“ – вели Митров.

На терен во села Зрновци денеска беше и градоначалникот Борчо Коцев. Посака бериќетна година на сите лозари, потенцирајќи дека општината вложува во лозарството, и во земјоделството воопшто.

„Денес негувајќи ја верата и традицијата се наоѓаме на една од новите плантажи подигнати во Општина Зрновци имајќи во предвид дека во последните неколу имаме околу три платажи со лозови насади. Општина Зрновци секогаш е партнер и поддржувач на земјоделците“ – вели Коцев.

Откако се направи стариот адет да се закројат лозјата во повеќе кочански села продолжува целодневна манифестација со музига, игра, песна и традиционален празничен ручек.

Лаура Стојанова М-Нет