Конкурс за најдобар спортист за 2023 година на град Штип, конкурсот трае до 5 јануари 2024 година

Отворен конкурсот за пријавување на спортисти на годината за 2023 во Штип. Сите спортисти, спортски работници, клубови може да се пријават доколку претходната година имаат остварен резултат, најдоцна до 5 јануари наредната година. Потоа комисија составена за оваа намена ќе одлучува согласно критеримуите кој ќе ја добие титулата најдобар спортист за 2023 година во Штип.

„Сакам да ве информирам дека Општина Штип распишува конкурс за избор на спортисти за 2023 година. Конкурсот ќе биде отворен од 20.05.2023 до 05.01.2024 година. Пријавите за спортист на годината во четирите категории да се достават до Архивата на Општина Штип, а може да се симнат од официјалната страна на општината.“ – вели Здравков.

За спортист на годината може да се сријават спортисти кои имаат постигнато значајни резултати претходната година. За рангирање на спортистот во предвид се зема најдобриот резултат во 2022 година. Резултатите мора да бидат заверени од соодветните федерации, и да бидат веродостојни и поткрепени со доказ.

По 20 јануари ќе се биде одреден и точниот датум на кој ќе се прогласи Најдобриот спортист за 2023 година во Штип.

Лаура Стојанова М-Нет