
Поради врнежите од снег во текот на претходната ноќ натпреварувачката комисија на ФФМ одлучи да одложи два натпреварите од 15. коло на Првата македонска фудбалска лига.
Поради снежната покривка нема услови за игра во Струга каде требаше да играат шампионот Струга Трим Лум и Воска Спорт, а услови за игра нема ниту во Кратово каде требаше Силекс да биде домаќин на Вардар.
Овие два натпревари ќе се одиграат на 6. декември (среда) со почеток од 13 часот.
Денес ќе бидат одиграни три натпревари. Работнички ќе игра против Гостивар, Шкупи и Македонија ЃП ја играат скопската пресметка, а пак Тиквеш во Кавадарци ќе ја дочека Брера Струмица.
Колку за потсетување, вчера Брегалница и Шкендија го отворија 15. коло со реми играјќи 2:2.
AВТОР: Александар Ванев