Во живо на М Нет Спорт: Аеродром – Шкендија Арачиново, денес од 13:30 часот

Денес се играат натпреварите од 12. коло од Третата македонска фудбалска лига – Север, а од оваа рунда гледачите на телевизија М Нет преку спортскиот канал М Нет Спорт ќе имаат ексклузивна можност да го проследат соочувањето меѓу Аеродром и Шкендија Арачиново.

Шкендија ќе ја има улогата на фаворит во дуелот со екипата на Аеродром. Трите бодови за гостинот од Арачиново се повеќе од важно во борбата за првото место кое води во баражот за Втора лига, а за Аеродром и реми би било позитивен исход од тешкиот меч со фаворитот.

Екипата на Аеродром со осум бодови е на 11. место, а пак Шкендија со 27 бодови е втора на табелата со бод помалку од лидерот Куманово.

Александар Василевски ќе биде главен судија, а преносот на М Нет Спорт ќе започне во 13:30 часот.

АВТОР: Александар Ванев