
Колку младите се заинтересирани да учат, но и колку државата одвојува средства за финансирање на науката. Професор Рубин Гулабоски дециден дека научните трудови на професорите се со нула финансирање од страна на државата, а средства има само од грантови и тоа од странство.
“Знаете ли колку издвојува последните 15 – 16 години државата за наука? Бројката е еден милион евра, за сите науки во Македонија, вклучувајќи ги и платите за научните институти. Лабораторијата, катедрата во која јас сум исто така визитинг професор на Универзитетот во Гетингер само една лабораторија има Буџет годишен од 12 до 15 милиони евра. Може да замислите која е таа разлика, разлика енормна во финансирање однонсо нефинансирање.“ – вели Гулабоски.
Науката бара многу ресурси, време и индивидуална жртва. На ниво на државата ресурсите за финансирање се слаби, ама според Мираковски ама она што се има од научна продукција е солидно. Сепак додава државата треба да издвои поголем дел од ресурсите за научни истражувања.
„Споменав науката е скапа работа, вие треба да имате потреба од инструменти кои ги имаат или услови кои ги имаат вашите колеги од светот. За жал Македонија, ние и по големина и по бруто производ економски се во пониските редови. Далеку сме од развиените земји кои не само што имаат поголеми ресурси туку и издвојуваат многу повеќе. Веројатно државата би требало да насочи истражувања и поголем дел од ресурсите во научните истражувања“ – вели Мираковски.
Од еден милион евра кои државата ги издвојува, универзитетите не добиваат ништо, средства се добиваат само за плати, вели професор Гулабоски.
Лаура Стојанова М-Нет