
Алармантна ситуацијата за неколку оддели во КБ Штип. Недостасуваат болиничари и хигиеничари, а од Министерството за финасии се уште нема одговор на барањето за нови вработувања. Директорот на штипската болница, Ален Ѓеорѓијев се надева дека одговорот ќе биде позитивен ама апелира на итност оти недостатокот како што вели е сериозен.
„Не за жал, претходно беше истиот одговор и сега е пак не. Јас искрено се надевам дека конечно позитивно ќе одговри Министерот за финасии бидејќи со некои места кои се побарани да ни биде одобрено врабоптување,сериозни проблеми имаме. Тука пред се мислам на технички помошен кадар како болничари и хигиеничари, на некои оддели сериозен недостаток имаме“ – вели Ѓеорѓијев.
Штипската болница чека одобрение на барањето за вработување на нешто повеќе од 20 здравствени работници. Потреба има и од електричари и водоводџии, вели Ѓеорѓиејв.
„Ние од прилика баравме околу 20 и нешто извршители во делот помошен и технички персонал, најголем дел болничари и хигиеничари, ама имаме и неколку од оние занаетчиски работи како елчектричар, водоводџија.“ – додава Ѓеорѓијев.
Пред два месеца, КБ Штип доби 16 нови здравствени работници од кои осум лекари, по еден стоматолог и физиотерапевт и шест медицински сестри. Од друга страна пак на почетокот на годината недостигаа околу 100 врабоптени. Вработувањето се случи после три години.
Лаура Стојанова М-Нет