Шест училишта во Карбинци и оваа година ќе се затоплуваат на дрва кои веќе се обезбедени

Шест подрачни училишта во плачковичкиот регион и оваа грејна сезона училниците ќе ги топлат на дрва. Со почетокот на грејната сезона, градоначалникот, Виктор Паунов, истакна дека дрва се набавени од претходно што значи нема опасност од студени училници за учениците. За разлика од претходните години, оваа грејна сезона дрвата се по многу поприфатлива цена, дециден е Паунов.

„Училиштата кои се по принципот на загревање на дрва се подрачни училишта во плачковичкиот регион и нормално како и секоја година Општина Карбинци навремено ги испорача сите овие дрва за огрев по цена прифатлива за оваа грејна сезона“, вели Паунов.

Останатите училишта на територија на Карбинци оваа грејна сезона ќе се греат на струја. Вака ќе функционира и нова училишна зграда во село Таринци.

„Дел од подрачните училишта се на електрична енергија, еден дел со парно греење на пелети. Веќе и новото училиште кое во текот на второто полугодие ќе биде ставено во функција во Таринци ќе биде на систем на парно греење на пелети“, додава Паунов.

Во Крупиште има повеќе алтернативни решенија. Таму училниците може да се топлат и на дрва и на струја, во зависност од условите во зимскиот период, истакна Пуанов.

Лаура Стојанова М-Нет