
Со презентација на резултатите од првата година од спроведувањето на проектот Направи разлика, денеска се одржа форум за развој на заедницата во Штип. На истиот присутните имаа можност да слушнат искуства, но и да се запознаа со идни активности. Минатата година се собрани вкупно речиси 5 милиони денари од проектот, предложени биле 12 иницијативи од кои 9 се реализирани комплетно.
„Целта на овој проект е всушност да се потикнат граѓаните малклу да преземат поголема одговорност околку потребите и проблемите со кои се соочуваат, односно сами да се организираат и да ги стават во функција ресурсите со кои располагаат, знаењата и вештините“ – истакна Лонгурова Гирова.
Фестивали, институции, клубови, граѓански иницијативи изминатата година беа поддржани од овој проект со што на луѓе кои работат и создаваат им се помага дополнително. Пример со помош на проектот нови лед рефлектори доби теренот на тенискиот клуб Астибо.
„Постојните рефлектори на игралиштето беа со многу голема потрошувачка на електрична енергија, така да иницијативата беше да се заменат постојните високо трошечки сијалици со нови лед сијалици. “ – вели Едровски.
Хуманитарна дизмензија доби фестивалот Весело штурче, па од оваа година од продадените карти ќе се вложи и ќе се купат нови инструменти за децата.
„Направивме едно хумано дело и фестивалот Весело штурче влезе во една хуманитарна димензија. Од оваа година од продадените карти ќе вложиме и ќе купиме инструменти кои ќе ги користат децата. “ – додава Стевановски.

40 деца бесплатно се дел од продолжен престој во ООУ Ванчо Прке, благодарение на иницијативата на родителите и помошта од проектот.
Партнер на проектот се и Ротари клубот Штип. Од таму посочија дека во денешно време поддршката е повеќе од потребна со цел да се функционира непречено.
Проектот Направи разлика е финансиран од Усаид а имплементиран од Фондацијата за развој на Локалната заедница Штип, во партнерство со Ротари клуб Штип и Роатри клуб Кочани – Виница.
Лаура Стојанова М-Нет