
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Б.К.(27) од село Двориште, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторени продолжени кривични дела „посебни случаи на фалсификување исправи“ и „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“ и против Д.К.(56) од село Двориште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“, во врска со „посебни случаи на фалсификување исправи“. Во периодот од 1 јануари до 5 септември 2023, првопријавениот издал 53 испратници за превоз на дрвни сортименти во име на правно лице од село Двориште, сопственост на Д.К., и покрај тоа што не бил вработен во тоа правно лице, своерачно ги пополнувал и ги потпишувал испратниците, врз основа на кои во 30 наврати со товарно возило извршил и превоз на дрвни сортименти, без да поседува лиценца и извод од лиценца за возилото за вршење на јавен превоз во внатрешниот патен сообраќај. Второпријавениот, во истиот временски период, како сопственик и управител на правното лице, му ставил на располагање на првопријавениот кочани со испратници за превоз на дрвни сортименти, со што му помогнал да ги изврши наведените дејствија.