Недостатокот на судии во Истокот од државата го вклучи црвениот аларм

Штипска Апелација мака мачи со бројот на вработени судии и екипираност. Една судијка замина во пензија, распишан е оглас за вработување на четири нови судии, ама проблемот се провлекува со години. Недостаток на судии има во цела држава, ама најизразена е потребата за судии во судовите во Истокот. Претседателот на Судски Совет, Сашко Георгиев денеска од Штип посочи дека се работи на овој проблем и дека се бара соодветно решение.

„Имаме реален проблем во однос на кадровската екипираност во делот на судиите во државата. Имаме судови кадешто недостасуваат судии. Особено е изразен тој проблем во Истокот на државата. Проблемот е изразен и во Апелација овде во Штип и се тоа е како реален проблем, а надлежност на Судскиот совет и треба да го решава. За Апелација Штип веќе имаме огласено оглас за двајца граѓански судии и еден кривичар и уште еден граѓански судија кој е огласен во месец јули.“ – вели Георгиев.

Во последните три години на ниво на државата 1500 судии заминале во пензија, во наредните две години се очекува да се пензионираат уште стотина судии. Со ова ситуацијата станува алармантна и повеќе од потребно е да се вработуваат нови судии. Како што посочи Георгиев на седницата на Судски совет закажана за 9 октомври повторно ќе се разгледа прашањето за нови судии.

„Станува збор за преодна генерација, добар дел од судиите во државата заминуваат во пензија, имаме сосотојба кога за последните три годиини некаде околу 150 судии остваруваат право на старосна пензија со тоа што наредната проекција е за 2024 /25 година и уште стотина судии ќе одат во пензија.“ – додава Георгиев.

Проблем со недостаток на судии има и во основните судови во државата. Претседател на суд нема во Берово и Делчево, а единствениот судија во беровскиот основен суд е делегиран од Кочани.

Лаура Стојанова М-Нет