
Македонија е една од државите заедно со Косово кои се невидливи на светски рамки во поглед на условите на библиотеките и предизивиците со кои се соочуваат истите. Со цел државата да се најде на светската мапа на библиотеки стои предизвикот да се соберат податоци од сите видови библиотеки во државата. По тој повод кочанската библиотека Искра беше домаќин на проектот „Како до подобри услови на библиотеките“, организиран од страна на Библиотекарското здружение на Македонија.
„Ќе значи дека ќе бидеме видливи во светот. Ние за жал и Косово сме единствени кои немаат дадено никакви податоци за тоа каков тип на библиотеки имаме, со што располагаме. Со ова ќе се заокружи оној дел да бидеме видливи, да бидат видливи сите библиотеки што се на теритроијата на Македонија. “ – вели Јана Михајловска.
Регионални посети имаше во повеќе библиотеки во државата, а денешната во Кочани е предпоследна. Проектот е поддржан од Министерството за култура со цел да се соберат повеќе податоци за библиотеките и нивното функционирање во државата.
„Денес ЈОУ Библиотека Искра од Кочани е домаќин на една од регионалните средби кои се одржуваат низ Македонија и е наменета за библиотекарите од државата. Гости се носителите на проектот кој е од страна на библиотекарското здружение на Македонија, а е поддржан од Министерството за култура.“ – вели Атанасова.
Во собирање на податоците ќе бидат вклучени сите видови на библиотеки во државата. Собирањето ан пдатоци треба да заврши до средината на месец октомври, а до крајот на месецот ќе се оствари и завршна работилница.
Лаура Стојанова М-Нет