
Пуштена во употреба фотоволтаичната централа која е поставена на кровот на штипскиот Апелационен суд. Овае пилот проект, а штипска апелацијата е првиот суд во државата на чии кров се поставени фотоволтаици. Претседателот на Судски совет упати апел и до останатите судови во државата да ја следат вакавата постапка и да се поставуваат фотоволтаици.
„Имаме свеченост со која ќе означиме почеток на пуштање во употреба на фотоволтаици, поставени на Апелациониот суд. Ова е еден пилот проект кој е преку судскиот буџетен совет. Штипскиот Апелационен суд е прв во државата кадешто ќе се пушти во употреба фотоволтаична централа и ќе придонесеме за енергетска ефикасност“ – вели Георгиев.
Инвестицијата е обезбедна од Судскиот Буџет, моќноста е 60 киловати со што ќе се задоволат потребите за електрична енергија нан штипската апелација. На ваков начин ќе се намали потрошувачката на струја, а чиста ќе се зачува животната средина.
„Задоволство е да се биде домаќин на првите луѓе од судската власт во државата. Поводот е инсталирање на фотоволтаици на кровото на Апелациониот суд. Моќноста е 60 киловати мислам дека ќе ги задоволи потребите. Средствата се обезбедени од судскиот буџет. Околу оправданоста на инвестицијата само ќе ви кажам дека лани за струја плативме 1.950.000 денари. Оваа инвестиција е накаде околу 2.150.000 денари значи се гледа дека за брзо време таа инвестиција ќе се исплати“ – вели Донев.
Пред штипска Аплација, фотоволтаици се поставија и на кровото на Домот на културата, што беше исто така прва институција од доменот на култура во државата која пична со производство на елекртична енергија.
Лаура Стојанова М-Нет