
Килограм ајварски пипер од 40 до 60 денари, модар патлиџан 20 денари парче, килограм морков 70 денари. Ако на ова се додаде зејтин, дрва и работа, ајварот годинава станува луксуз за граѓаните во Штип. Велат дека поисплатливо е да се купи тегла ајвар од маркетите откоку да се прави дома. Мирисот на ајвар оваа година децидни се дека ќе се чувствува поретко, а зимница ќе прават само оние кои имаат повеќе пари или пак произведуваат пиперки.
„Зимница ќе прави тој што има, тој што нема нема да прави. Груба пресметка, зависи колку сакате да направите, 1:3 иде тоа, три килограми пипер еден килограм ајвар, и модар патлиџан.“ – велат граѓаните.
Свесни за високата цена на пиперката се и произвиодителите и продавачи на истата. Велат ја има помалку оти нема кој да ја работи и заради тоа е со повисока цена. Можеби благо опаѓање на цената ќе има околу 11 октомври, но тие пиперки ќе бидат со помал квалитет.
„Пиперката ајварска е од 50 до 60 денари за килограм. Има добро производство, ама малку е прискапичка. Оваа година нема доволно род и нема доволно садено. Добро влијаеа и временски услови оти треба добра температура за да узрее пиперката“ – велат продавачите.
Зимницата оваа година ќе биде поскапа за 20% споредбено со лани, истакна вчера управителот на градскиот пазар во Штип, кој потенцираше дека поголем дел од цените на производите се реални.
Лаура Стојанова М-Нет