Пламен проголта „Форд фокус“ во Кочани – полицијата го истражува случајот

фото: архива

Автомобил „форд фокус“ со кочански регистарски ознаки, сопственост на 54-годишниот З.Д., бил опожарен во Кочани, информира Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, настанот бил пријавен на 2 август 2026 година во 10:45 часот во ОВР Кочани. По пријавата, на местото интервенирала Територијалната противпожарна единица – Кочани, која успеала да го изгасне пожарот.
Во инцидентот нема повредени лица, а на местото бил извршен увид од надлежните служби.
Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на причините за избувнувањето на пожарот.